Вести Свет

100.000 евра за информации за напаѓачите на телевизијата во Тирана – понуда од полицијата

Албанската полиција понуди награда од 100.000 евра за информација што ќе помогне да се идентификуваат сторителите на нападот на ТВ „Топ чанел“.

Во нападот беше убиен вработен во телевизијата.

Ноќта меѓу неделата и понеделникот непознати напаѓачи пукале од автоматско оружје кон зградата на ТВ „Топ чанел“, при што загинал 61-годишен чувар. Возилото на сторителите е снимено од безбедносните камери.

По нападот, сторителите се упатиле во Драч, од каде што дошле, а возилото подоцна било пронајдено запалено на автопатот Драч – Рогожина. Во автомобилот биле пронајдени две автоматски пушки. Албанската пошта наведува дека „ренџ ровер спорт“, што го користеле сторителите, бил украден во јули 2020 година во село кај Љеш, од лице од Косово и Метохија, кое било на одмор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не работете од 11 до 17 часот на отворено – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Падна дел од покрив, нема повредени – инцидент на аеродромот во Мајорка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе