Вести Свет Топ вести

Во Германија во тек штрајкот на десетлетието – сопрени возови, метроа, авионски летови откажани-синдикатите бараат повисока плата

Во Германија во тек е штрајкот на десетлетието. Сопрени се возовите, авионските летови во Минхен и Франкфурт, метроата не работат.  Железничкиот и транспортниот синдикат „ЕВГ“ и синдикатот на јавниот сектор „Верди“ повикаа на предупредувачки мега штрајк кој ќе трае 24 часа..Им се придружија работниците од водниот и копнениот транспорт, а основното барање е повисока плата.

  • Бараме 10,5 отсто, најмалку 500 евра..И оваа минимална сума е исто така особено важна за нас. Бидејќи токму групите со пониски и средни приходи се несразмерно тешко погодени од инфлацијата, изјави Волкер Гејер, заменик федерален претседател на Синдикатот ВЕРДИ

Работодавачите – главно државните и компаниите од јавниот сектор – досега ги одбиваа барањата, наместо тоа нудеа зголемување од пет отсто со две еднократни исплати од 1 000 и 1 500 евра, оваа и следната година. Но, синдикатите ги одбија овие понуди.

Возовите не сообраќаат речиси воопшто денеска, а од аеродромите работи само Берлинскиот. Градскиот превоз е сопрен во седум од 16-те провинции. Луѓето денеска се одлучија да ги запалат автомобилите што предизвика невиден хаос на улиците. Погодени се стотици илјади патници кои ја користат железницата.

  • Милиони патници кои зависат од автобуси и возови страдаат поради овој прекумерен и презаситен штрајк. Не секој може да работи од својата домашна канцеларија. Илјадници компании во економијата кои вообичаено ги примаат или испраќаат своите стоки со железница, исто така страдаат. Да, и заштитата на животната средина и климата, исто така, на крајот страда, порача  Ахим Штраус, портпарол на германска железница „Дојче Бан“

Денешниот штрајк ги испразни метро станиците, и го парализираше секојдневното функционрање. Луѓето ги разбираат барањата на синдикатите, и над 50% ги поддржуваат, но укажуваат дека доцнењето ги засега и нив.

  • Во моментов, искрено можев да плачам затоа што сум ужасно вознемирен поради тоа. Мислам, го разбирам ова. И добро е да се штрајкува, но навистина имам многу лоша среќа во последно време поради штрајковите. И, се разбира, тоа навистина е лошо, вели Роња Мартини, студентка. 

Иако станува збор само за 24-часовен штрајк, хаосот во сообраќајот ќе трае уште неколку дена. И Германија се бори со висока инфлација, која е речиси 9%,  откако руската инвазија на Украина ги зголеми трошоците за храна и енергија. Работодавците ги обвинуваат синдикатите дека со нивните барања ја потхрануваат инфлацијата. Синдикатите негираат и велат дека повеќе не можат да го поднесат товарот на зголемените трошоци за живот.

Алиса Шутиноска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп не се согласува со американските разузнавачи

Дејан Дејан

Доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев, ослободен Ѓорчевски

Дејан Дејан

СДСМ: Министерството за правда ја саботира реформската агенда!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе