Седумнаесет семејства се пријавиле за згрижувачи во Струмица, а уште пет нови ја минале обуката за згрижување на деца. Расте интересот кај струмичани да бидат згрижувачи. Министерката за труд и социјална политика смета дека кампањите што се водат дале резултат, бидејќи во Струмица конкретно, претходно немало ниту едно семејство.
Згрижувањето е исклучително важно за децата, бидејќи тие треба да се тргнат од небезбедната средина и да добијат соодветна грижа и љубов, што многу ќе значи за нивниот натамошен развој. Затоа министерката посочи дека им е потребна што поголема база на згрижувачи.
Во земјава во моментов има 358 згрижувачки семејства во кои се сместени 587 деца.
Сузана Мицева