Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Проевропско и антиевропско расположение меѓу пратениците

Уште не почнат, процесот на уставни измени ги спротивстави партиите. Трите најголеми парламентарни партии: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се уверени во единственоста на своите пратенички групи и упорно бараат поддржувачи во „туѓиот табор“.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека власта не може да смета на гласовите на 10 пратеници, од кои дури 9 се од СДСМ. Според опозициската партија, лидерот Ковачевски свикал групна координација и се обидел да им го смени мислењето.

„Спинови и лажни соопштенија за одвлекување на вниманието од притисокот на поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ кои се убедени дека уставните измени мора да се случат“, реагираше СДСМ.

И ДУИ ги демантира наводите дека еден пратеник интегративец побарал пари за да гласа за уставните измени.

Во ДУИ се уверени дека во ВМРО ДПМНЕ има проевропски сили чии ставови „не се исти со изолационите и антиевропски ставови на нивните моментални предводници“ и дека нема да сакаат да ги повторат грешките од пред 6-7 години, кога „застанаа на погрешната страна“. Ја повикува опозицијата да учествува во широк фронт и во формирањето Сојуз за Европска Северна Македонија.

Власта најавува дека во наредниве недели експертски тим ќе подготви драфт текст на уставните амандмани кој ќе биде ставен на широка јавна дебата, а во преамбулата ќе бидат внесени Бугарите и други малцински народи. ВМРО ДПМНЕ одбива учество во подготовката и во гласањето и бара избори, по кои ќе го претстави својот план темелен на три столба: национален, политички и економски.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе