Вести Свет

Герила акција и протест во Приштина против договорот од Охрид – Курти со нос како Пинокио, подигнато бело знаме пред владата на Косово

Со фотографии на премиерот Албин Курти со нос како на Пинокио и фрлање на чадни бомби пред зградата на владата, неколку стотини симпатизери на вонпарламентарната Социјалдемократска партија во Приштина изразија незадоволство од договорот во Охрид кој предвидува формирање на Заедница на српски општини на Косово.

Демонстрантите побараа оставка од премиерот Курти и од јарболот пред Владата го симнаа косовското знаме и подигнаа бело. Со тоа изразија став дека, според нив, Курти се предал во Охрид. Потоа активираа повеќе димни бомби, па владиниот објектот кратко време беше обвиен во густ црн чад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе