Вести Свет Топ вести

Црна Гора го уапси „кралот на криптовалутите“ – фатен при обид да „летне“ за Дубаи со лажен пасош на Костарика

Црногорската полиција го уапси јужнокорејскиот државјанин, До Квон, коосновач и извршен директор на „Тераформ Лабс“ со седиште во Сингапур, кој важи за еден од најбараните светски престапници и поранешен „крал на криптовалутите“. Покрај него, како што јавија медиумите во Црна Гора, на аеродромот во Подгорица е уапсен и неговиот сонародник, Хон Чанг Јон.

Црногорското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при пасошка контрола на летот за Дубаи двајцата јужнокорејци употребиле фалсификувани пасоши на Костарика, што било утврдено со проверките на Интерпол. Притоа се одземени и три лаптоп компјутери и пет мобилни телефони од двајцата осомничени.

„Според увидот во апликацијата „Граница“, лицата немале евидентиран влез во Црна Гора. По нив бил распишана потерница од НЦБ Сеул – Кореја за кривично дело криминално здружување“, се наведува во соопштението на црногорското МВР.

Некогашниот „крал на криптовалутите“ стои зад загуби поголеми од 40 милијарди долари. Покрај Јужна Кореја, по него трагаа и САД и Сингапур.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе