Вести Свет Топ вести

Претседателски избори во Црна Гора, седум кандидати во трката за шеф на државата

Граѓаните на Црна Гора денеска избираат претседател на државата меѓу седуммина кандидати. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани.

Ова се четврти претседателски избори од обновувањето на независноста на Црна Гора и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој ќе добие повеќе од половина од важечките гласови на избирачите кои гласале.

Актуелниот претседател, Мило Ѓукановиќ, е во трка за трет мандат во претседателските избори во Црна Гора кои денеска се одржуваат во прв круг. Противници му се шест кандидати меѓу кои е независниот Јован Радуловиќ, кој е познат инфлуенсер.

Радуловиќ е комичар и критичар на општествените појави. Како независен кандидат поднесе потписи за својата претседателска кандидатура и рече дека на земјата ѝ треба некакво освежување и дека тој би можел тоа да го обезбеди.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Свадбата на Безос и Санчез во сенка на протестите во Венеција

Дејан Дејан

Дневно по 70 интервенции во просек, над 200 повици за 24 часа – топлотниот бран ги „прегоре“ телефоните во Итната помош

Дејан Дејан

Уапсени стотици соработници на Израел во Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе