Вести Свет Топ вести

Ескобар доаѓа во регионот за поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Соединетите Американски Држави целосно го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската Унија (ЕУ), а специјалниот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ќе допатува во регионот за поддршка на тој процес, соопштија од Стејт департментот.

Посетата на Ескобар на Белград што треба да се случи во текот на денешниот ден ја најави и од српското претседателство од каде соопштија дека тој ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Косовските медиуми јавија дека Ескобар, по посетата на Белград, ќе отпатува за Приштина. Според пишувањата, американскиот дипломат викендот ќе присуствува и на најавената средба меѓу Курти и Вучиќ во Охрид на која се очекува да биде постигнат договор за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе