Вести Култура

Омаж – 100 години од раѓањето на великанот Ацо Шопов

Со стихови од песната „Настан на езерскиот брег“ на француски јазик, амбасадорот Сирил Бомгартнер го започна чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов. Визијата на Шопов е повеќеслојна, тој во исто време пее за личното интимното, но и за универзалното, забележаа книжевните критичари и дипломати.  

  • „Тој на некој начин ја претставува храброста за ангажманот за кој тој знаеше дека е праведен, силата на една брилијантна и хуманистичка мисла. Секогаш имаше со себе скромност и едноставност, дури извршувајќи ги највисоките функции секогаш беше отворен и полн со почит кон светските култури и најмногу од се го водеше љубовта кон францускиот јазик, но уште повеќе за сопствениот јазик со кој тој толку блескаво твореше и го носеше“, изјави Иго Бештел, директор на Француски институт во Скопје.     
  • „Шопов изградува поетска градба која се темели на космополитската идеја дека културите во светот колку и да се географски одалечени кога се запознаваат и респектираат взаемно се проникнуваат и се оплодуваат. Неговата стихозбирка „Песна за црната жена“ директно инспирирана од неговиот допир со културата на Сенегал и особено со поезијата на Леополд Седар Сенгор е веројатно најексплицитниот пример на поетска апологија на Другоста во нашата современа литература“,изјави професорка докторка Соња Стојменска-Елзесер, Институт за македонска литература.

„Ацо Шопов како човек беше прекрасен, добар, племенит човек кој никого во животот не навредил и со никого не се замерил и со никого не беше скаран. Почит кон сите, тоа беше таа негова водилка во животот“, рече Светлана Шопова, сопруга на Ацо Шопов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе