Предлог законот за странски агенти, кој предизвика бран на протести во Тбилиси, е повлечен од грузискиот парламент, соопшти утрово политичкиот совет на владеачката партија „Грузиски сон“, пренесуваат руските агенции.
„Се решивме за безусловно повлекување на законот кој го поддржавме“, е наведено во соопштението што во објави државната телевизија на Грузија.
Протестите во Тбилиси почнаа пред зградата на грузиското Собрание на 7 март, откако предлог законот за странски агенти беше усвоен во прво читање.