Ракомет Спорт

Без Талески против Португалија, неизвесни Пешевски и Танкоски

Уште на самиот старт од подготовките за претстојните квалификациски натпревари против репрезентацијата на Португалија, селекторот Кирил Лазаров се соочува со големи проблеми околу составувањето на тимот.

Филип Талески поради приватни причини го откажа настапот за националниот тим додека поради повреди неизвесен е настапот на Жарко Пешевски и Марио Танкоски, кој по подолга пауза се врати меѓу репрезентативците.

Дополнителен проблем е повредата на Павле Атанасијевиќ кој исто така нема да биде дел од подготовките за мечевите со Португалија што се играат во текот на следната недела.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе