Кошаркарите на Гостивар во претпоследниот натпревар од 16-тото коло во кошаркарската Прва лига ја совладаа ФМП Академија со 87:79 и по два порази во низа стигнаа до нова победа.
Најефикасен во победничкиот тим со 25 поени беше Виктор Ефремовски додека Арсение Вучковиќ имаше учинок од 22 поени и 11 скока. Во поразениот тим прв стрелец со 29 поени беше Маск МекВен.
Во вториот дуел од денешната понуда Еуро Никел како гостин славеше над Кожув со 77:75 и стигна до десеттиот триумф во досегашниот тек од сезоната.
Прв стрелец во редовите на составот од Кавадарци беше Стефан Балмазовиќ со 19 поени, а Јуре Планиниќ имаше учинок од 15 поени и 12 скока. На спротивната страна Мајрон Гордон мечот го заврши со 22 поени и шест освоени топки под обрачите.
Колото ќе се комплетира в понеделник со дуелот меѓу Струмица и МЗТ Скопје.
ФОТО: Игор Паневски