Вести Култура

Отворена изложбата „Дипломатија и уметност“

Дваесет и две слики на истакнати бугарски уметници кои се изложени во Бугарскиот културно-информативен центар ја разоткриваат моќта на уметноста во креирањето дијалог. Колекцијата на Државниот институт за култура на Министерството за надворешни работи во Бугарија брои над 3.000 експонати уметнички слики, графика и скулптури. Само во зградата на министерството во Софија има 600 дела, додека останатите се изложени во бугарските мисии во светот. За Артамонцев, кој е воедно и куратор на изложбата уметноста е онаа која гради мостови и нејзините патеки, се сосема различни во споредба со оние на политиката.

-Не треба да има спротивставување меѓу народите. Тоа што веќе започна на Балканот, тоа од интелектуалците за кое што зборував, средбите на пистелите и тие што се трудиме да ги направиме ние од ликовната уметност. Тие вродуваат со плод. Не треба да избрзуваме бидејќи тоа се бавни процеси. Ние трчаме на полето на културата, додека патеката на политичарите е различна, патека која ние не ја разбираме. Јас се интересирам само до тој степен, имајќи предвид дека работам во Министерството за надворешни работи, во овој културен институт, мене треба да ми е јасно што се случува, и за нашите колеги, но не може да се генерализираат работите. Ние сме луѓе, луѓето се еднакви, ние одлично се разбираме, изјави Михаил Артамонцев, куратор на изложбата.

 

-Уметноста на дипломатијата или дипломатија на уметноста. Тоа навистина е еден мост, сите овие цртежи се еден мост, една дипломатија, една подадена рака за соработка, Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Македонија. 

Во 2022 година делата од поставката „Дипломатија и уметност“ беа претставени во Националниот музеј на Црна гора во Цетиње и во Музејот на литература и изведувачки уметности во Сараево.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Крвава матурска ноќ во Сараево: Навивачи со палки и факели нападнаа матуранти

Дејан Дејан

(ФОТО) Австрискиот победник на Евровизија, Џеј Џеј, пречекан со овации во Виена

Дејан Дејан

Мелони: Средбата со Вeнс и фон дер Лајен може да биде „нов почеток“ во односите меѓу САД и ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе