Вести Свет

Насилни протести во Атина по железничката несреќа со 43 загинати

Протест по трагичната железничка несреќа во Атина беше организиран од членови на синдикати, студентски здруженија како и од други граѓани со барање за одговорност за повисоки структури во железничката и државната администрација во Грција.

Демонстрантите се собраа пред седиштето на Грчки железници каде запалија свеќи и седеа на улицата, но потоа беа регистрирани неколку инциденти.

Дел од демонстрантите се судрија со полицијата, превртуваа и палеа контејнери по улиците на главниот грчки град и се движеа кон централниот плоштад Синтагма. Полицијата употреби солзавец и активираше единици за одржување на јавен ред и мир.

На видеата кои ги објавија грчките медиуми се гледа како автомобили минуваат покрај запалени контејнери и како интервенира полицијата.

Морална одлука – грчкиот министер за транспорт и инфраструктруа поднесе оставка по денешната железничка несреќа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Арсовска до Рокас: Во секоја држава има мафија само во Македонија мафијата си има своја држава

Дејан Дејан

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе