Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликува американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство.
Во претседателскиот Декрет се наведува дека холивудскиот актер е награден за „голем придонес во развојот на меѓународната култура и хуманитарната соработка“.
Сигал е именуван за специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи одговорен за руско-американските хуманитарни врски во 2018 година.
Сигал стана руски државјанин во 2016 година и познат е по своите отворени политички ставови и поддршка за Путин.