Вести Свет Топ вести

Нов земјотрес во Турција со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер – од 6 февруари се регистрирани 9.600 потреси

Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди покраината Ниѓде во централна Анадолија, соопшти денеска центарот за следење на потреси Кандилили.

Епицентарот на земјотресот бил во Бор, околу 350 километри западно од разорните земјотреси кои ја погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

И Сирија денеска соопшти дека во последните 24 часа се евидентирани 61 земјотрес. Два потреса се регистрирани и во северниот дел на Ирак, сооопшти ирачката државна агенција ИНА.

По големите земјотреси на 6 февруари, бројот на загинати во Турција достигна 44.200, додека билансот во Сирија е најмалку 5.900 загубени човечки животи. Од двете земји се евакуирани преку половина милион луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе