Вести Македонија

Реконструкцијата се одолговлекува со недели додека бројни процедури се заглавени и предмети чекаат потпис на министри

Натрупани предмети кои чекаат на потпис и заглавени процедури – реконструкцијата на Владата принудно го закочи системот.

Освен дневно-политички дебати, обвинувања за корупција и лошо владеење, расправата на собраниската седница за разрешување на министрите и замениците и именување на новите, ги заглави процесите во повеќе ресори.

На почетокот на седницата пред десетина дена, беа констатирани оставките на министерот и заменикот во Правда, Тупанчески и Нухиу. Сега предмети за бесплатна правна помош, оценка на јавен интерес за донации, екстрадиции – кои може да се бројат и во стотици, чекаат на потпис на министер. Платата за вработените зависи од министерскиот потпис, а уште пет дена се останати и за доставување на завршна сметка – во спротивно следи казна.

Дури и новинарските прашања се оставени на чекање – се реконструира кабинетот и нема кој да одобри одговор. И ваква е ситуацијата во сите министерства каде што се подготвува целосна смена на водечките луѓе.

На почетокот на седницата за реконструкција на Владата беше констатирана и оставката на заменикот во Здравство, неврохирургот Рендевски. Денес со 65 гласа беше разрешен министерот Беким Сали од Алтернатива, кој една година го водеше здравството.

Од министерството кое тој досега го водеше, нема одговори за тоа кои сѐ процедури се зависни од потпис на министер и заменик министер во Здравство, ниту пак дали недостатокот на раководители во ова министерство ќе се одрази на набавка на лекови и други тековни процеси.

Овие дилеми остануваат отворени, заедно со прашањата колкава штета ќе донесе одолговлекувањето на собраниската седница за реконструкција на Владата, кој ќе плаќа за задоцнета завршна сметка и до кога предметите кои чекаат потпис остануваат заглавени во фиока.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По телефонскиот разговор со Путин, Трамп го промени курсот

Дејан Дејан

Прогласена вонредна состојба во Чучер Сандево- нов пожар кај село Кучевиште во близина на куќи

Дејан Дејан

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце- движењето се одвива во двата правци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе