Вести Свет

Пекинг: Американските балони го нарушија кинескиот воздушен простор десетина пати од почетокот на минатата година

Кина денеска соопшти дека американските балони го нарушиле нејзиниот воздушен простор десетина пати од почетокот на 2022 година, објавувајќи ја оваа информација во време на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон откако кинески балон прелета над територијата на САД.

На почетокот на февруари, американската војска собори кинески балон за кој Пентагон рече дека е шпионски и дека имал намера да собира чувствителни податоци. Кина го осуди инцидентот, велејќи дека се работи за цивилен авион кој го сменил курсот.

Од тој инцидент, неколку летечки објекти се забележани над Канада и САД, пред да бидат соборени. Засега не е познато што се тие летечки објекти и од каде потекнуваат.

Запрашан за ова, портпаролот на кинеската дипломатија денеска изјави дека американски балони летале над нејзиниот воздушен простор. „Само од минатата година, американските балони летаа над Кина повеќе од десет пати без никакво одобрение“, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тој не даде детали за инцидентите, апелирајќи до новинарите да се обратат на  „американската страна“. Нагласи дека Пекинг се справувал со овие упади на „одговорен и професионален начин“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе