Спасувачите неуморно работат и копаат под урнатините во областите погодени од катастрофалниот земјотрес кој во понеделникот ги погоди јужниот дел на Турција и пограничниот дел на Сирија.
Бројката на загинат надмина 8.700-тини. Само во Турција посред последните информации бројката се зголеми на 6.234 жртви, но тешко е да се потврди бројот на загинати во Сирија. Според тамошните државни медиуми загинале 2.500-тини луѓе, но спасувачката група „Бели шлемови“ која е на терен во погодената област, вели дека бројот на загинати засега е над 1280.
Во текот на студената ноќ, на франатичната спасовачка акција се придружија и роднините на жртвите, со лопати и со голи раце тргјаќи ги тешките урнатини за да дојдат до гласовите кои ги слушаат од луѓето затрупани под цели урнати згради.
На аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул фрустрацијата расте. Семејствата очајни да се обединат со најблиските – или да се приклучат во потрагата по нив – сè повеќе протестираат бидејќи летовите кон јужниот дел на земјата продолжуваат да се одложуваат и откажуваат.
Избувнаа тепачки и викање, при што персоналот на аеродромот е под притисок да најде решенија кога авионите се пренасочени и не можат да слетаат или полетуваат бидејќи пистите се замрзнале, а снегот продолжува да паѓа.
Еден човек го грабна микрофонот и му викна на персоналот на аеродромот: „Каде е авторитетот? Ни требаат авиони за Адана, не за Бодрум. Дајте приоритет на летовите до Адана!“ Неговите зборови беа дочекани со аплауз и свирежи од другите патници во чекалната.
Спасувачките тимови се исто така тука, трпеливо се надеваат дека летовите ќе ги доближат до извршување на нивната работа.