Вести Свет

Српскиот пратеник Стевиќ, фатен како гледа филм за возрасни, само три пати зборувал на говорница

Пратеникот во српскиот парламент Звонимир Стевиќ, кој откако беше фатен како гледа филм за возрасни среде посебна седница на Собранието за Косово и Метохија си поднесе оставка, на говорница зборувал само три пати во последните шест месеци, ги објавуваат српските медиуми  податоците од порталот Отворен парламент.

Неговата месечна плата, според податоците од имотната карта објавена на веб-страницата на Агенцијата за спречување на корупцијата, изнесувала 99.442 динари. Тој поседува куќа од 80 квадрати и 10 декари земјиште кое го пријавил како наследство и стан од 50,44 метри квадратни што го купил.

Тој поседува и автомобил Škoda Super B, а нема банкарска заштеда. Сревиќ е роден во Приштина во 1957 година и е дипломиран правник.

Народниот пратеник на Социјалистичката партија на Србија Звонимир Стевиќ денеска поднесе оставка, објави Танјуг.

Претседателот на СПС Ивица Дачиќ претходно денеска изјави дека очекува Стевиќ да поднесе оставка.

Откажани се средбите на првиот потпретседател на Владата на Србија и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои беа закажани за денеска, соопшти Владата на Србија. Тој денеска требаше да се сретне со шефот на унгарската дипломатија Петер Сјарт, кој е во посета на Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе