Вести Свет Топ вести

„Туркиш ерлајнс“ откажа над 200 летови од и до аеродромот во Истанбул

Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека за денеска ги откажива планираните летови за и од Истанбул, поради предвиденото невреме, придружено со снежни врнежи.

Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека одлуките за откажување се донесени во согласност со заклучокот на Метеоролошкиот комитет за вонредни состојби.

Од таму ги повикаа граѓаните да го проверат статусот на нивните летови пред да пристигнат на аеродромот, пишува истанбулскиот весник „Дејли Сабах“.

Заклучно со вчерашниот ден вкупно се откажани 238 летови но од компанијата не ја исклучуваат можноста бројот на откажани летови да порасне во наредните денови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 финансиски институции и банки сакаат да ја финансираат брзата пруга – условите се уште непознати

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе