Вести Свет

Курти по средбата со Лајчак: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија

Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на Европската Унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак.

„Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак на работниот ручек во Приштина. Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за напредок“, потенцираше Курти.

Тој додава дека за одредени прашања за меѓународните гаранции, механизмите за имплементација и тајмингот ќе се разговара наскоро, на преговорите во Брисел.

„Демократските концепти со европска ориентација ни даваат надеж“, додаде Курти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе