Гледач на ТВ Телма од Каиро, Египет испрати фотографија од најголемиот египетски град со објаснување дека станува збор за последица од утринскиот земјотрес со епицентар во јужна Турција.
-Ноќеска го почувствувавме потресот. Имаше и нишање на предметите во станот. Медиумите објавија фотографии дека има пукнатини по шеталиштето од градот Александрија. Луѓето коментираа дека тоа е последица од земјотрес, а некои од соседите ми кажаа дека и нивните ѕидови пукнале, ни рече македонската државјанка која живее во Каиро.
Таа ни посочи дека утрово по земјотресот дури имало информации дека и морето било повлечено. Во повеќе медитерански земји беше издадено и предупредување за цунами кое подоцна беше повлечено.