Вести Свет Топ вести

Кина гневна поради соборувањето на балонот, САД ги отфрлаат обвинувањата дека прекумерно реагирале

Пекинг го обвини Вашингтон дека реагирал на прекумерен начин и ја прекршил меѓународната практика соборувајќи го кинескиот шпионски балон кој неколку денови леташе над САД. Американското воено воздухопловство синоќа го собори балонот над морето покрај брегот на сојузната држава Северна Каролина. Информацијата ја потврди и претседателот Џо Бајден, кој рече наредбата за негово соборување ја издал уште во средата, веднаш штом бил брифиран од безбедносните служби.

Тие одлучија дека најдобро време за да го соборат е кога ќе биде над вода, надвор од нашиот 19 километарски лимит. Успешно го соборија. Сакам да ги пофалам нашите авијатори и ќе ви соопштиме повеќе малку подоцна, изјави бајден.

Во соопштение кинеското Министерство за надворешни работи остро протестираше против употребата на сила од страна на САД. Пекинг исто така го обвини американскито државен секретар Ентони Блинкен, дека инцидентот со балонот го искористил како изговор да ја откаже посетата на Кина, но експертите ги отфрлаат ваквите тврдења.

Само колку за пример, за време на Студената војна, САД, Велика Британија и другите, спроведуваа извиднички мисии околу Советскиот сојуз. Советите урнаа многу од тие авиони. Всушност, Кина го собори американскиот извиднички авион ЕП-3, надвор од нејзините територијални води пред околу 20 години. Мислам, нема збор кој навистина е одговорен за овој инцидент, вели поранешниот помошник заменик секретар за одбрана на САД, Елдриџ Колби.

Кина од самиот почеток откако беше забележан балонот, тврдеше дека станува збор за метеоролошки балон кој застранил од курсот, но експертите, исто како и САД, се сомневаат во објаснувањето.

Марина Мирон – Центар за воена етика на Кралскиот колеџ Лондон

„Кина можеше да употреби било каква друга технологија, како сателитска технологија да шпионира над САД, сигурно се обиде да покаже нешто, да ја тестира ситуацијата, да види како САД ќе одговорат на ова, вели Марина Мирон од Центарот за воена етика на кралскиот колеџ Лондон.

Американското министерство за одбрана соошти дека ловец Ф-22 синоќа го урнал балонот, кој паднал на 12 наутички милји од брегот на САД. Два бродови на морнарицата сега се обидуваат да ги извади остатоците од балонот, кој потонал на поголема длабочина отколку што Пентагон очекувал. Пентагон соопшти дека опремата во балонот и информациите кои ги има соберено, се од голема разузнавачка вредност за САД.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе