Вести Свет Топ вести

Подготвени да заминат од државата се 42% од граѓаните, најголем број се високообразовани

Четириесет и два отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со универзитетско образованиe, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.

Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се изјасниле дека би заминале во странство, во Грција каде тој процент е 40, а во Косово 39 отсто.

Помал од светскиот просек имаат Хрватска каде 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би имигрирале, Бугарија со 25 и Словенија 21 процент. Истражувањето не било спроведено Србија и Албанија. Во светски рамки истражувањето покажало дека еден од три граѓаните сакаат да се иселат од својата земја, а особено младите луѓе со економски потешкотии се меѓу потенцијалните мигранти. Најголема подготвеност за заминување од својата земја покажале испитаниците од Супсахарска Африка и Латинска Америка.

Вкупно 54 329 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во РС Македпнија, БРИМА, членка на Gallup International Association, го спровела  истражувањет со телефонска анкета, на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници во текoт на август 2022.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе