Вести Свет

Германски медиуми тврдат дека САД на Русија ѝ понудиле 20 отсто од територијата на Украина во замена за мир, Белата куќа демантира

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс наводно му понудил на Киев „мир во замена за земја“, а на Москва – „земја во замена за мир“.

Според германскиот весник „Ноје Цирхер цајтунг“ (НЗЗ), кој се повикува на двајца германски политичари, Барнс, во јануари им предложи на Москва и Киев да склучат мир, според кој 20 отсто од окупираната територија на Украина би била на Русија.

Сепак, двете страни ја одбиле таквата понуда. Во Киев ги отфрлаат сите предлози за поделба на нивната територија, а во Москва се сигурни дека „во секој случај долгорочно ќе ја добијат војната“.

Оваа верзија на настаните е целосно лажна, изјави неименуван функционер на ЦИА за Њузвик.

Заменик-портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Шон Дејвид, рече дека информациите на НЗЗ „не се вистинити“. Официјално, ниту Москва ниту Киев не ја коментираа оваа информација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе