Наутро студено, преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2°C, а максимумот од 1 до 7°C.
Агропрогноза:
Зголеменото количество на воден талог во изминатите денови влијае на зголемување на полскиот воден капацитет (лесно достапната влага) во почвата, посебно кај овошните култури кои имаат повисоки потреби за вода, во споредба со поледелските култури и виновата лоза.
Присуството на влага во почвата обезбедува добра залиха и во подлабоките слоеви на почвата, што ќе биде значајно за почетокот на вегетациониот период на земјоделските култури.
Сепак овие временски услови во изминатите денови со натпросечни температури од овој период на годината, придонесуваат во некои делови на подрачјето на државата, посебно во јужните краишта и Повардарието, кај некои видови на овошки да се активира вегетацијата со појава на цветови и бабрење на пупките.
Останатите есенски посеви бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување.
Појавата на снег на планините исто така ги зголемува резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови, кои исто така се на незавидно ниво.
Ова е период од годината кога има многу малку или воопшто нема работа на отворен простор, со исклучок на работите во пластеничкото или оранжериското производство каде работите и производството се изведуваат во контролирани услови.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-9 Попова Шапка, -4 Лазарополе, Крушево, -3 Струмица, -2 Маврови Анови, Претор, Охрид, Берово, Крива Паланка, -1 Виница, Прилеп, 0 Куманово, Битола, Штип, Тетово, 0 Демир Капија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Дојран, 4 Гевгелија.
77 Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 7 Крушево, 4 Ѓуриште, 3 Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/