Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Ќе има ли судии и обвинители на американската црна листа?

Во однос на дилемите дали на листата на функционери кои би биле опфатени со санкции од САД, би можеле да се најдат и некои судии и адвокати, денеска своите ставови ги споделија поранешниот судија Владимир Туфегџиќ и адвокатот Виктор Цветковски.

„Повеќе пати сум кажал дека ние прво треба да детектираме три работи. Дали е проблем едукативниот процес во академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи од таму се регрутираат судиите и обвинителите. Дали е проблем неиздначената судска пракса која е евидентна. За исти правни работи имаме различни ставови и мислења или е проблематична нестручноста и непрофесионалноста на судиите. Не би се оптеретувал многу со црните листи, бидејќи тие имаат политичка димензија. Ние и досега имавме црна листа, па не гледам дека на тие лица нешто им фали.“ –изјави Туфегџиќ.

Цветковски изјави дека не очекува дека од правосудните органи ќе има лица на американската црна листа, оценувајќи дека на долгорочен план на државата и е потребна деполитизација на судството.

„Ние имаме сега одлив на судии. Куманово имаше еден период. Сега нема судии во Прилеп и така натаму. И во други судови. Доаѓаме во ситуација да имаме нов избор на кадри во едно одделение. За да имаме континуирана едукација, не ни треба политички притисок. Има и професионалци во судовите но и луѓе кои реагираат на секаков вид притисок.“ – вели Цветковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе