Поранешниот директор на Управата за извршување на санкции, Виктор Цветковски, за бегството на затвореникот Беким Мемети за кое се осомничени тројца полицајци во вечерашната Топ Тема изјави дека за него тоа не е изненадување од едноставна причина што состојбата во затворите не е добра.
„Неслучајно, претходно се правени чекори да се намалат казнените единици. Што е поголемо Идризово, толку е помала контролата. Имате директори, заменици директори. Едни се од една партиска структура, другите од друга партиска структура. Тоа овозможува секој табор да има свој заштитник и внатре да функционира по табори а не како една целина. Ова е планирано бегство. Не се запазени мерките кои се потребни при ваков транспорт. Очигледно дека е планирано“ – вели Цветковски.