Вести Македонија Најважни

Претседателот Пендаровски побара Владата да го прогласи бугарскиот европратеник Џамбаски за „персона нон грата“

Забрана за влез во државата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколку лица од Бугарија е предлогот на претседателот Стево Пендаровски до Владата по денешниот состанок на Советот за безбедност. Структури во Бугарија зад кои стои руската разузнавачка служба по секоја цена се обидуваат да ги нарушат односите меѓу двете држави и да го запрат и минираат евроинтеграцискиот процес на Македонија се инфромациите кои директорите на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност му ги презентирале на претседателот Пендаровски.

Иако претседателот Пендаровски не го посочи бугарскиот европратеник Џамбаски повеќе од јасно е дека станува збор за него.

Кои се останатите лица тој не кажа но додаде дека има повеќе законски основи по кои може да им се забрани влез во државата.Не смета дека оваа мерка доцни со оглед на кажаното и направеното од Џамбаски и лицата како него.

Претседателот не беше прецизен околу структурите во Бугарија

Чествувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во црквата Свети Спас е настан од висок ризик токму поради обидите за провокации кои треба да ги спроведат лицата блиски до Џамбаски и структурите во Бугарија меѓу кои има и македонски државјани.

Досега најголем број на луѓе од Бугарија со лоши намери се подготвуваат да дојдат кажа претседателот.

Безбедносните служби нема да бидат неми набљудувачи па затоа проактивно ќе се известат службите на граничните премини поради информации за организирано пристигање на лица чија цел е токму тоа, да предизвикаат нереди.

Изјавата на бугарскиот технички минстер за надворешни работи ја оцени како страшна и му реплицираше дека насилство, палежи и убиства имало во периодот кога Македонија беше под бугарска фашистичка окупација.

Членовите на Советот за безбедност ја оценија безбедносната состојба во државата како стабилна а се разговарло и за состојбата во Косово, македонското претседателство во ОБСЕ и војната во Украина.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе