Помалите коалициони партнери нема да поддржат реконструкција на владата доколку тоа оди на штета на македонскиот блок во владата.
Инсистираат да се почитува Рамковниот договор и правичната застапеност, што според нив, ќе се нарушат доколку СДСМ отстапи министерско место за Алијанса за Албанците.
Пред работната вечера во клубот на пратеници, што следеше по средбата во партиското седиште на Социјалдемократите, Лидерот на Демократски сојуз изјави дека, ако сега се направи преседан, тоа ќе се злоупотребува и во иднина.
Се ќе се сведе на пазарење и на бројки, што ќе го зголеми незадоволството од системот за кој вели дека и онака не функционира, со големиот број на министерства што не одговараат на задачите.
Потпретседателот на СДСМ,во вечерашната Топ тема, пак, тврди дека на вечерашните средби воопшто не се разговара за Алијанса за Албанците иако не негира дека се водат преговори.
Богоев очекува ова прашање да се разјасни за две до три недели.
Во меѓувреме, се шпекулира дека Алтернатива, кои се противат на влезот на Алијанса во владата, викендов имале средба со „огнената група“ од ДУИ, со кои имаат иста став дека тоа се прави за да се спаси политичкиот живот на ДУИ.
Алтернативците не сакаат да дадат свој министер и потсетуваат дека, пред само 12 месеци беа клучен фактор за спас на Владата и бараат тогашниот политички договор да се почитува до крај.
Далиборка Демјанска Цветановска