Ферплеј

Ферплеј со Јана – С02ЕП19 Ива Пројковска, УЕФА фудбалска судијка

Таа е македонската судијка која испиша историја откако ја делеше правдата на финалето на Европското првенство за жени до 19 години, а судеше и во четфртфиналната фаза во женската Лига на шампиони.
Дознаваме како се станува дел од друштвото на дваесетте  елитни УЕФА судијки? Зошто во Македонија ретко добива шанса да суди на натпреварите од Првата фудбалска лига? Дали и е полесно да суди на женски или машки фудбалски натпревари?
Ива ни пренесува како се носи со улогата секогаш да биде “виновна“ на теренот, дали на некој натпревар била загрозена нејзината безбедност, а дали можеби и била укажана благодарност за сработеното со некаков посебен гест?
Освен поврзаноста со спортот, во „Ферплеј“ на наше големо задоволство ве запознаваме со музичкиот талент на Ива. Ќе имате можност да слушнете како таа свири на мандолина.
Гледајте нè и оваа недела,
Во 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП8 – Шахот во Македонија, учители, јуниори и сениори

Дејан Дејан

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП7 – со Давид Бабунски и Јани Атанасов

Дејан Дејан

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана С04ЕП6 – со Масимо Тасевски – картинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе