Вести Економија Македонија Топ вести

„Усје“ ги исполниле задолженијата, и од вчера почнала да користи гас за загревање

Цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата што и ги постави Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата, соопштија од Инспекторатот по контролниот инспекциски надзор извршен вчера.

Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката.

Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и  почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина.

Од ДИЖС информираат оти утврдиле дека една од двете печки, конкретно печката број 4 во саботата престанала со редовна работа и ќе биде на ремонт, кој ќе трае 45 дена, а потоа ремонт кој ќе трае исто така 45 ќе се прави и на печката број 3.

За ова, како што се наведува, Државниот инспекторат бил писмено известен.

Претходно, по спроведените мерења на емисија на гасови во Цементарницата „Титан – Усје“ во Кисела Вода , кои покажаа трипати поголеми количини на гасови од дозволеното, ДИЖС на 12 јануари ѝ определи задолженија на фабриката што треба да ги исполни во рок од пет дена поради утврдените недостатоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Еврокомесарката Марта Кос пристигна да се увери во реформските чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе