Вести Македонија Топ вести

Загина маж во пожар во Струмица

Едно лице загина во пожар што изби синоќа во куќа на улицата Пиринска во Струмица.Неофицијално, според изјави на соседите станува збор за 42 годишен маж, син на сопственикот на куќата, но јавниот обвинител не го потврдува идентитетот бидејќи телото било изгорено и не можело да се идентификува.

Беше грозно, страшно. Голем оган избувна. Пламенот се гледаше од далеку, од кај училиштето „Маршал Тито“. Дојдоа пожарникарите и соседите со полевање вода го изгаснаа пожарот. Многу, многу страшно беше, изјави еден сосед.

Од противпожарната единица во Струмица велат дека пожарот бил пријавен нешто после 20 часот.

Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

 

Гасењето било отежнато затоа што куќата се наоѓа во високиот дел од градот и нема директен пристап со возило, но пожарот успешно го локализирале.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. Увидот е завршен, а истрагата дополнително треба да покаже како настанал пожарот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе