Вести Македонија Топ вести

„Тврдина таргет“- предметот прво во фиока, па заглави во информатичкиот систем

Судијата од случајот „Организатори на 27-ми април“ е назначен за да го суди новиот процес за Мијалков и „Тврдина таргет“.  Конечната одлука на Апелација за поништување на првата пресуда заглави во информатичкиот систем на судскиот портал за пресуди. Иако денеска требаше да се појави пред јавноста, се уште останува скриена и очекува информатиката да проработи.

Прво беше во фиока, сега заглави во информатичкиот систем. Апелациониот суд нема среќа со своето решение за поништување на пресудата за предметот Тврдина таргет во кој се обвинети Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска. Од Апелациониот суд тврдат дека нивното решение е анонимизирано и ставено во системот за објавување на пресудите кој го има на веб сајтот sud.mk. Но, не може да се види и да се цитира бидејќи има определени информатички проблеми. Најавија дека одлуката ќе може да се види или денеска попладне или утре отсабајле.

Поништувачката одлука за првостепената пресуда веќе е доставена на кривичниот суд кој веќе назначил нов судија на предметот. Станува збор за судијата Илија Трпков кој ќе го води советот и после предметот Плацеви на Водно по вторпат ќе му суди на обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков.

Трпков е судија кој го водеше предметот „Организатори на 27-ми април“ кога беше обвинет и Трајко Вељановски како собраниски претседател и предметот „Ровер“ за убиството на Тушевски во 2001-ва за што беше обвинет некогашниот министер Љубе Бошкоски.

Се уште не е определен датумот за старт на новото судење за процесот кој се соочува со застарување иако станува збор за масовно прислушување и прекршување на човековите права од поранешната УБК.

Претходно Апелациониот суд на почетокот на декември ја поништи првостепената пресуда со која Мијалков имаше 12 години затвор. По притисок на јавноста, Апелациониот суд објави соопштение со скромни детали за поништувањето на пресудата, а првично избегна да ја објави својата пресуда правдајќи се со процедурални работи.

Откако јавноста згрме поради новото ослободување на Мијалков, Апелација објасни дека судиите во кривичниот суд згрешиле согласно три члена од законот за кривична постапка, а повредите „влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право.“

Апелација не се вклучила во мериторно одлучување затоа што сметале дека изворникот не бил ист со изречената пресуда.

Судскиот совет пак провери и утврди дека предметот бил држен и запоставуван со месеци во Апелациониот суд.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе