Вести Македонија Топ вести

Пресудата за „Тврдина таргет“ и Мијалков напишана

Пресудата за Таргет- тврдина е напишана и испратена во Кривичниот суд кој наскоро ќе треба да закаже ново судење на предметот за масовното прислушувње.

Но, зошто беше укината пресудата ќе може да прочита и јавноста затоа што одлуката ќе биде објавена на судскиот портал.

Ова следува по начелниот став на Врховниот суд со кој и неправосилните одлуки за предмети од јавен интерес треба да бидат објавени.

Пресудата сега треба да се испрати во кривичниот суд за да ја достави до странките но и да закаже ново судење.

Двете дела против екс директорот на УБК Сашо Мијалков застаруваат во 2025. Тоа значи дека во наредните две години „Таргет тврдина“ треба да заврши не само во Kривичен суд туку да има и правосилна пресуда во Aпелација.

Доколку се погледнат роковите на одлучување првиот пат на двата суда им биле потребни 5 години да дојде до пресуда во Аапелација.

Минатата недела судскиот совет заклучи Апелација неразумно долго, ги чувала предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков.

Апелација е на нов тест и за предметот „Титаник 2“ во кој делото на Мијалков му застарува во април годинава.

Денеска во Кривичниот суд во Скопје се закажани завршни зборови, по што ке биде изречена првостепената пресуда но потоа останува период од помалку од 3 месеци до застарување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Дејан Дејан

Приведена радовишанка, возела so 2.23 пролили, предизвикала сообраќајка и го напуштила местото

Дејан Дејан

Ревидирана преговарачка структура, активирани фондови, зголемена видливост – отчет на Муртезани за евроинтеграциите во изминатите 12 месеци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе