Вести Македонија Топ вести

Мијалков пристигна во Кривичен на рочиштето за „Титаник 2“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков пристигна во Кривичниот суд на сидењето за предметот „Титаник 2“, кој се однесува на изборните нерегуларности во 2013 година.

Обвинителниот акт го прецизираше обвинителот Гаврил Бубевски, по насоките од Апелција, односно по укинување на пресудата.

Судењето е во фаза на давање завршни зборови, по што следува нова првостепена пресуда. Кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, на Мијалков му застарува во април.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Според обвинението на СЈО, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот за денар – на полноќ паѓаат цените на горивата

Дејан Дејан

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Дејан Дејан

Приведена радовишанка, возела so 2.23 пролили, предизвикала сообраќајка и го напуштила местото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе