Вести Македонија Топ вести

Бугарското МНР сe оградува од изјавите на Џамбаски во Скопје

Политичарите и јавните личности од Бугарија и Северна Македонија имаат одговорна улога во градењето доверба и развивање на добрососедски односи меѓу двете земји, се вели во соопштението на бугарското МНР по провокативниот настап на европратеникот Ангел Џамбаски викендот во Скопје за време на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева.

Бугарското МНР нагласува дека навреди и провокации се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни. За изјавите на Џамбаски се истакнува дека не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не може да се толкуваат како такво.

Во организација на фондацијата „Македонија“, македонските бугари викендот се собраа на панихида по повод 95-годишнината од смртта на Мара Бунева. Меѓу нив беше и контроверзниот европратеник Ангел Џамбаски кој истакна провокативни пораки за територијални претензии. За него, македонските политичари се србомани кои вршат геноцид врз Бугарите, а Македонија ја нарече бугарска. Премиерот Димитар Ковачевски го нарече Џамбаски маргинален лик на кого не сака да му го крева рејтингот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

Дејан Дејан

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе