Вести Македонија Топ вести

Бејта го спореди Груби со тенеќе, вицепремиерот му врати со “поздрав” за добро здравје нему и на семејството

Поранешниот гостиварски градоначалник Невзат Бејта кој е и дел од ткнр. огнена група во ДУИ првин го обвини спикерот Талат Џафери дека коалицирал со Таравари на избориѕе во Гостивар, а потоа го навреди и главниот таргет на огнените, вицепремиерот Артан Груби.

Бејта во емисијата „Програма 200“ на Алсат изрече повеќе навредливи зборови за Артан Груби кога беше прашан со колку карати може да се измери вицепремиерот.

„Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железо, тенеќе. Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават, и тие се мерат во карати. Ако  сплотуваат и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но, тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат“ рече Невзат Бејта во емисијата на Алсат.

Кратко потоа Груби за Лајм на прашање за коментар на изјавите на Бејта  му упати желби за лично и семејно здравје во изјава која не изгледаше како поздрав до “огнениот” сопартиец.

-Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро .изјави Груби во водео изјава за весникот ЛАЈМ.

ДУИ со лидерот Ахмети го имаше партискиот настап токму во Гостивар каде партискиот лидер јасно кажа дека нема да го “брка” Груби пд партијата и од функцијата. Таму Ахмети ги изрече и непријателските квалификации за медиумите Телма и Алфа.

Пред партиската трибина спикерот Талат Џафери одговарајќи на прозивка од Алијансата за Албанците дека ништо не направило ДУИ во Гостивар, го пофали Бејта дека го направил и средил центарот на градот. Но денеска Бејта му врати со напад дека соработувал со политичкиот конкурент од Алијансата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе