Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека командирот на кого му избега убиецот е близок до Спасовски – МВР одговори дека опозицијата или лаже или е недоветна

Командирот на кој му избега убиецот, избркан за поткуп, а Спасовски го вратил и направил Командир во Идризово, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Командирот Срѓан Димитријевски е поставен од Спасовски, и истиот е задолжен за проценката на ризик, тој можел да побара асистенција од МВР, што е пракса кога постои зголемен ризик од бегство. Зошто не побарал треба да одговори и самиот Спасовски, бара опозицијата.

Според информациите на ВМРО – ДПМНЕ, Димитријевски  пред неколку години бил избркан од МВР, заради поткуп, тој бил фатен на дело во Полициска станица Бит Пазар. Опозицијата обвинува дека министерот Спасовски го поставил на командирска позиција во Идризово.

На ова демант испрати МВР: ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже или се недоветни па не знаат дека МВР нема врска со затворската полиција.. Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ изнесени во денешното соопштение.. Станува збор или за свесно лажење или за комплетна неписменост, затоа што и полуписмен човек знае дека МВР нема врска со затворската полиција, туку таа е во склоп на Министерството за правда, односно Управата за извршување санкции. Оттаму министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту можел ниту има било каква врска со именувањето командири во затворот Идризово, затоа што буквално нема никаква надлежност за тоа. МВР бара ВМРО-ДПМНЕ да се извини и да ги повлече ваквите неверојатни лаги кои ги пласираат во јавноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе