Вести Македонија Топ вести

Уставни измени или предвремени избори

Неизвесната европска иднина и бројните меѓународни укажувања каде треба да се насочи политичката енергија во оваа година, не придонесуваат за промена на ставовите на главните политички актери. Без да обезбедат квалификувано мнозинство во Собранието, едниот секојдневно бара предвремени избори, другиот – уставни измени.

Христијан Мицкоски не верува дека оваа Влада ќе задржи мнозинска парламентарна поддршка, а не пак да разговара за дво-третинско мнозинство. Бара избори и можност за други решенија на актуелните проблеми.

Димитар Ковачевски е уверен дека има време и има доволно, како што вели „политичка супстанца“ за уставни измени. Тие би им гарантирале на идните генерации да живеат во европска земја тука, а не во туѓина.

Професорот Васко Наумовски смета дека СДСМ ќе го чека редовниот термин за избори за да може Ковачевски да ја зајакне премиерската позиција, а расположението против францускиот предлог да го продолжи трендот на подобрување.

Европските авторитети посочуваат дека ако до ноември не се смени Уставот, нема да се отворат поглавја а преговорите со ЕУ ќе се замрзнат. Вчера, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека „не е можно овој процес да се избегне а пристапниот процес магично да продолжи“, ниту е возможно повторно да се разговара на оваа тема и да се бараат нови решенија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе