Вести Македонија Топ вести

Русија тврди дека го зазела Соледар, Украина вели дека сè уште се водат борби, украински капетан очекува одлука за повлекување

Падот на Соледар, се чини, е прашање на денови. Русија тврди дека градот е заземен, без да прецизира дали тоа е сторено од нејзините сили или од припадниците на групата „Вагнер“, Украина тврди дека сè упте се водат борби со рударскиот град, додека украинскиот капетан Тарас Березовец вели дека воени падобранци на 46-та и 77-та бригата и натаму се присутни на западниот крај на Соледар.

Но, Березовец порачува оти останувањето на украинските сили во Соледар нема воена смисла, бидејќи како што вели, не постои ниту една зграда што го преживеа руското гранатирање. Тој, во изјава за „Си-Ен-Ен“, воедно нагласи дека во наредните денови очекува одлука за повлекување од градот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција сака повеќе време за трговските разговори со САД

Дејан Дејан

Затвор и камшикување за корисниците, Иран го забранува Старлинк

Дејан Дејан

Можни високи казни по Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе