Вести Македонија Топ вести

Форумот за образовна размена бара оставка од Фејзулаху

Форумот за образовна размена бара оставка од директорот на студентскиот дом Пелагонија, Агим Фејзулаху, поради труењето со храна на студенти во мензата.

Ако Велат доколку Фејзулаху сѐ уште нема грижа на совест и не си поднесе оставка, тогаш Министерот за образование и наука треба итно да го разреши.

Додаваат дека  контролата на санитарниот и здравствен инспекторат утврдила дека хигиената во кујната не е во согласност со микробиолошките критериуми за хигиена на оние што доаѓаат во допир со храната, и дека студентите две недели се принудени сами да си обезбедуваат храна и покрај законската обврска управата на студентскиот дом, да ја обезбеди.

Бараат сите затруени студенти да бидат обештетени, и да не плаќаат ниту денар за услугата што ги однела во болница.

Самиот факт што никој не одговара за споменатото труење, ништо не не уверува дека овој случај нема да се повтори, велат од форумот за образовна размена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе