Вести Македонија Топ вести

Државниот инспекторат за животна средина ѝ наложи на Цементарница да премине на загревање со природен гас во рок од пет дена

Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое на „Цементарница УСЈЕ“ ѝ се наложува во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати со кои се загрева фабриката да се користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода. Рокот за реализирање на задолжението е пет дена.

„Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот – оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 денови откако ќе биде користен природен гас како гориво. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина, за што рокот за реализирање на задолжението е 15 денови од приемот на решението“, се наведува во решението на ДИЖС.

Во решението се посочува дека трошоците од анализата направена на 3 и 4 јануари 2023 година ги сноси субјектот на инспекциски надзор, бидејќи е утврдено дека примероците не одговараат на пропишаните стандарди согласно А-ИСКЗ дозволата.

„Доколку ДИЖС согласно член 200 став 4 од Законот за животната средина утврди дека не се постапува согласно Решението и не се отстранат причините настанати со донесувањето на решението, Државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд и ќе отпочне постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања“, се истакнува во решението.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера на прес-конференција соопшти дека во „Цементарница УСЈЕ“ се извршени вонредни мерења на амбиенталниот воздух, при што се регистрирани покачени вредности, со што се утврдува дека фабриката придонесува кон загадување на воздухот во Скопје. По прес-конференцијата од УСЈЕ ги демантираа наводите на Арсовска, отфрлајќи ги нејзините ставови како неосновани, а денеска објавија податоци од мерењата од нивните мерни станици, според кои, не се надминуваат дозволените прагови.

„Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот – оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 денови откако ќе биде користен природен гас како гориво. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина, за што рокот за реализирање на задолжението е 15 денови од приемот на решението“, се наведува во решението на ДИЖС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе