Вести Македонија Топ вести

Драстично зголемен број на пациенти со симптоми и на сезонски грип и на ковид-19

Драстично зголемување на бројот на пациенти со респираторни инфекции, главоболка и висока температура, болка во коските и мускулатурата, сува надразнителна кашлица кои во исто време може да бидат симптоми и за сезонски грип и за ковид инфекција. За да знаеме за што станува збор и која е соодветна терапија, мора да се направи тестирање, реагираат матичните лекари, во чии ординации дневно минуваат по 200 пациенти меѓу кои 90 се респираторни инфекции.

„За грипот реално немаме каде да ги испраќаме пациентите за тестирање. Институтот за јавно здравје прави некои тестоиви кога ќе ги пратиме со упат, но тоа е многу ретко и многу малку. Пожелно е да постои опција на истото место каде се тестираат за Ковид да се тестираат и за сезонски грип. Тогаш би знаеле дали третираме Ковид или грип, а тоа е важно, затоа што за грипот имаме докажани антивиротици и ако се земат во рана фаза може да се подобри клиничката слика на пациентот“, изјави доктор Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ.

Во Романија се појави и првиот случај кај пациент со тројна вирусна инфекција – САРС-КоВ-2, грип и респираторен вирус.

„Имаме такви случаи и тука и тоа не е кажано. Јас лично имав пациенти пред две недели кои беа позитивни и на ковид инфекција и на сезонски грип. Тие си правеа приватни тестови. Пациентите сега ако сакаат да детектираат и ковид и грип и респираторен синцициелен вирус можат на едно место само во приватните лаборатории, каде тие тестови се движат до 1.500 денари и со тест за ковид до 3.000 денари. Што е премногу за граѓаните и тоа не може секој да си го дозволи“, додава Ѓорѓиевски. 

Според податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје – Скопје, во земјава се пријавени 821 случај на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,4 пати повеќе во споредба со претходната недела. Најмногу заболени има во Битола – 174, Скопје – 105, Кавадарци – 94, Дебар – 76 и Гостивар – 65. Во останатите градови, бројот на пријавени е помал од 60.

Во меѓувреме болниците во Албанија се преполни, неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип. Доколку бројката достигне 16.000 заразени во текот на една седмица, земјата влегува во епидемија на грип.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

Дејан Дејан

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе