Вести Македонија Топ вести

Сали: Италијанската фирма бара околу осум милиони евра отштета за договорот за Клинички

Министерот за здравство Беким Сали вели дека италијанската компанија бара отштета од околу осум милиони евра за раскинување на договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје

„Имаме еден документ кој што е побарување од осум милиони евра за кој што, исто така, немаме одговор од истата компанија која што го доби тендерот и беше поништен. На нашето барање за состанок за условно кажано за докажување на долгот, колку е за кој дел и зошто го бара тој износ, не сме имале никаков одговор“, рече Сали денеска по потпишување на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост во Владата.

Во мај 2017 година, тогашниот министер за здравство Никола Тодоров соопшти дека новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со италијанска компанија „Инсо системи“. Подоцна овој договор го раскина неговиот наследник Венко Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе