Вести Македонија Топ вести

Констатација на Судски совет: Предметот „Таргет Тврдина“ со Мијалков бил неоправдано чуван во фиока во Апелација и може да застари

Судечката петорка од Апелација не го оправдала чувањето на „Таргет Тврдина“ во фиока, смета Судскиот совет, па предметот би можел да застари.

Меѓу осудените во случајот беше и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков кој доби 12 години затвор, меѓутоа Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на почеток.

Апелацискиот суд во Скопје во средината на декември ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од февруари во 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Судскиот процес започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангела Меркел ја критикува политиката на германската Влада кон барателите на азил

Дејан Дејан

Обвинителството отвори постапка за фалсификати во Чаир

Дејан Дејан

СЗО: Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе