Вести Македонија Најважни

Пожар во Националниот парк Шар Планина над Теарце – вработените се повлекле пред густиот чад што се спуштал кон нив

Од ЦУК известија дека се уште е активен пожарот во Националниот парк „Шар Планина“ во реонот над Теарце. И утрово екипи на вработени од Националниот парк се собирале во Теарце за да продолжат со гаснењето, известил ренџерот од НП „Шар Планина“ кој го пријавил пожарот вчера.

-Регионалниот ЦУК Тетово стапил во контакт и со директорот на Националниот парк и тој потврдил дека пожарот е се уште активен и дека се гледа од Теарце и Тетово, поточно дека се уште согорува и чади. За развојот на настаните се известени и силите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), соопштија од Центарот за управување со кризи.

До местото на шумскиот пожар над село Теарце треба да се пешачи околу два часа, бидејќи позицијата каде што се уште гори е многу високо и е на непристапен терен. Ситуацијата се следи од вчера (07.01.2023 година, по 13.00 часот) кога на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за шумски пожар во месноста „Камник“ над с.Теарце.

По добиената информација за пожарот, дежурните од Регионалниот ЦУК Тетово стапиле во контакт со пријавителот, односно ренџер вработен во Национален парк „Шар Планина“.

-Ренџерот известил дека тој, со екипа вработени во Националниот парк, се упатени кон локацијата каде што е активен пожарот. Се работело за непристапен терен каде што гори шума. Истите со теренско возило стигнале до околу половина километр од огнот, а потоа продолжиле пеш. Согласно следењето на ситуацијата и по добивањето на подетални информации за истото биле навремено континуирано информирани надлежните локални институции, велат од ЦУК.

Но вработенит еморале да се повлечат бидејќи и тие биле во опасност вчеравечер околу 17:30 часот.

-Пожарот имал три крака, на три страни се ширел, на многу тежок непристапен терен и за да се стигне до него потребно е пешачење од најмалку 2 часа. Екипата од Националниот парк, заедно со директорот на Паркот, во момент на вчерашното информирање во 17.30 часот, се повлекувале надолу. Како резултат на метеоролошките и временските услови, поточно на воздушниот притисок, чадот од пожарот се спуштал надолу и истиот им создавал големи проблеми во дишењето на вработените и заради тоа тие се повлекле, соопшти ЦУК.

До вчеравечер била опожарена површина од околу 5-6 хектари од што дел била букова шума, а дел биле пасишта и папрат. На опожарената површина пред 4-5 години имало пожар и како последица на него има голем број паднати дрвја што сега гореле.

Од Националниот парк информирале дека имало надеж дека со падот на температурата огнот да се самоизгасне, а секако дежурна екипа на Националниот парк го следела пожарот со присуство на терен и преку директен контакт со граѓани коишто престојуваат околу реонот каде што е пожарот. Во викендици во месноста „Три Води“ од каде што визуелно се гледа пожарот, а граѓаните кои биле во нив, директно го известувале директорот на Национален Парк „Шар Планина“, така што во секое време се добиваат информации во врска со пожарот и од тој правец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Весна Јаневска: Наша цел е УКИМ да се вброи меѓу 1.000 најдобри светски универзитети

Дејан Дејан

Бислимовски: Вршителите на енергетски дејности до 30 јуни да поднесат барање за лиценца

Дејан Дејан

Калас: ЕУ работи на тоа да успее планот „А“ за интеграција на Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе