Спорт Тенис

Ѓоковиќ во второто коло, турнирот во Аделаида заврши за Рубљов

Поранешниот светски рекет број 1 во машка конкуренција, Новак Ѓоковиќ во првиот настап во поединечна конкуренција во новата сезона, а и прв по пауза од скоро две години во Австралија успеа да забележи победа.

Српскиот тенисер кој е и прв носител на турнирот во два сета со 6:3 и 6:2 го совлада Французинот, Констан Лестиен.

Пласман во следната рунда обезбеди и фаворитот број три Данил Медведев по елиминацијата на Лоренцо Сонего, кој поради повреда го предаде мечот во вториот сет.

Јаник Синер славеше во дуелот против Кајл Едмонд, Денис Шаповалов беше поуспешен од Ринки Хиџиката додека Карен Хачанов забележа победа над Педро Качин.

Најголемото изненадување го направи Роберто Баутиста Агут, кој со 4:6, 6:3 и 6:4 триумфираше над четвртиот фаворит, Андреј Рубљов.

Турнирот заврши и за поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј кој беше совладан од Себастијан Корда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе