Во нашето “финале“ за оваа година ги поврзуваме спортот и музиката, заедно со Сања Ристиќ и Андреј Ѓорѓиески од ДНК.
Кои спортски моменти и успеси според нив ја одбележаа оваа година?
Дали Сања до ден денес редовно тренира кик-бокс, фитнес и јога? Дали музиката или спортот и е неопходен за да биде убав нејзиниот ден? Како е да се биде сопруга на спортист, ракометарот Дејан Пецаковски? Го памети ли јавноста сè уште нејзиниот детски хит „Еј тој Тоше“?
Андреј од ДНК искрено зборува за тоа дека спортот не е тема која добро ја познава, па оттаму произлегуваат и неколку забавни анегдоти J….Но, ни откри и која е поврзаноста меѓу ДНК и македонските спортисти. Ги сумираме и впечатоците од концертот по повод дваесет години од постоењето на групата, а се потсетуваме и на дел од најголемите хитови на Панчо и Андреј.
Гледајте нè, во недела, 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.